| четврток, 6 декември 2018 |

Овој будистички монах стана топ манекенка (фото)

Откако семејството доживеало финансиски крах, Мими Тао  која  во тоа време бил Пхајарант Нобанто  дванаесет годишно момче,  била  испратена во будистички манастир.

Screenshot_1

Уште пред да замине во манастирот, Мими се чувствувала како женско, но дури зад затворените врати, заедно со уште неколку пријатели почнала така и да се однесува. Иако звучи невообичаено поради местото на кое се наоѓала, но таму почнала повремено да користи шминка и кришум да зборува како девојка. Иако занела дека сака да стане женско, таа се приклонила на манастирот и живела следејќи ги 200 – те строги правила.

Screenshot_2

По поминати шест години во манастир, Тао решила да го напушти и да си ги оствари сништата. Прво работела во едно познато кабаре, а потоа ја запознала манекенката Јуи Пхетанха кој ја научила на се во врска со моделингот, од тоа како да позира до тоа како да чекори по модната писта.

Screenshot_3

Првично никој не сакал да ја ангажира и тешко доаѓала до работа, но по неколку реклами и локални ревии во Сингапур, работите се смениле. Кога Тао заминала да живее во Тајланд сите ја прифатиле како голема ѕвезда и нејзината кариера тргнала по нагорен пат. Сега најчесто рекламира долна облека и учествува во голем број на кампањи.

Screenshot_4

-Никогаш не се знае што носи иднината. Можеби еден ден повторно ќе станам монах. Понекогаш мислам дека тоа беше идеален живот – изјавила Тао која планира да го напушти моделингот откако е ги отплати долговите на нејзиното семејство.

Screenshot_5

Screenshot_6

Screenshot_7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top