Очигледно е дека Зоран Заев и СДСМ флагрантно ги кршат ги законите. Тоа што Заев го има преземено како обврска од пржинскиот договор, што се претчи во закон, не се почитува од страна на СДСМ. Заев сега смислува изговори за да не ги предаде материјалите во Специјалното обвинителство.
Обезбедени се сите услови Катица Јанева да ги прими материјалите. Обезбеден е посебен сеф кој што Специјалното обвинителство го доби.
Истовремено обезбедени беа и побараните посебни простории; Оние простории кои што ги побара Катица Јанева, тие и ги доби.
И полицијата е во рацете на СДСМ. Оливер Спасовски, како технички министер, покрај што по барање на Катица може да примени и обезбедување на материјалите, Спасовски, како привремен министер, е должен како и сите други, да ги почитува законите и има обврска да ги обезбеди тие материјали до Специјалното обвинителство.
Во смислувањето изговори да не се почитува законот, СДСМ е креативни па отиде до таму да условува со Законот за обвинителска служба. Но вистината е дека нема никаква врска Законот за обвинителска служба со обезбедување на услови за материјалите.
На крајот, прашањето е како тоа СДСМ има услови, а Катица Јанева со исполнети сите предуслови за функционирање, немала услови за чување на материјалите?
Дотолку повеќе, уште еден доказ дека Јанева има услови, но нема волја кај прозваните да ги предадат материјалите, е фактот што СЈО презеде повеќе случаи од Јавното обвинителство.
Очигледно е дека СЈО се користат како параван за кршење на законите во служба на СДСМ, но очигледно е и дека Катица Јанева е послушник и соработник на Заев.
Но, сето ова отвора и втора димензија, а тоа е дека Заев продолжува материјалите да ги користи за уценување и дисциплинирање на нивните, и очигледно, доколку остане без нив, Заев нема а биде актуелен во политичкиот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.