| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Слободан Чашуле

slo

Слободан Чашуле, македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 – 2002 година, амбасадор на Република Македонија во Шапнија, по кусо боледување почина  синоќа на 70-годишна возраст во Мадрид.

Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.

Слободан Чашуле бил новинар и основател на ТВ Скопје, дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу, дописник за Танјуг во Латинска Америка и Карибите, главен уредник на Танјуг во Македонија.

Од 1990 — 1994 е директор и главен уредник на македонското радио, потоа генерален директор на „Нова Македонија” – Скопје.

На 30 ноември 2001 година, Чашуле стана Министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски. Во 2002 година е избран за пратеник во македонското Собрание.

Чашуле беше и уредник на неделникот и веб-порталот „Форум“.
Зборуваше англиски, шпански, португалски, француски и италијански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top