Пратеникот на опозициската Партија на националистичка акција, Јусуф Халачоглу, во парламентот поднел предлог, во кој се бара „Света Софија“ повторно да биде претворена во џамија и во неа да бидат извршувани исламски ритуали.
Во документот се истакнува дека одлуката со која во 1935 година „Света Софија“ е претворена во национален музеј е неважечка, бидејќи и потписот на Ататурк под оваа одлука бил фалсификуван. Пратеник кој е поранешен директор на Советот за турска историја, тврди уште дека документот за тоа дека „Света Софија“ е џамија, се наоѓа во османлиските архиви од 1453 година и е поткрепен со печатот на султанот Мехмед Освојувач на Константинопол. „Света Софија“ 481 година била џамијата и редно е да се обнови овој статус, забележува тој.
Амбициите за претворање на „Света Софија“ во џамија не се нови. Членови на различни исламистички организации, повремено организираат протестни демонстрации со слични барања. Пред извесно време претседателот Реџеп Ердоган во одговор на нивните барања одговори: „Вие прво наполнете ја Султан Ахмед, па потоа ќе видиме“, имајќи ја предвид Сината џамија, која е спроти „Света Софија“.
Амбиции за „Света Софија“ имаат и христијанските кругови, кои сакаат да биде обновена како христијански храм, каква што била пред 14 века. Пред некое време грчки пратеник поднесе вакво барање.
Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први исто така, смета дека „Света Софија“ треба да биде обновена како црква или да биде отворена за вршење на христијански ритуали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
Комисијата за македонската историја тајно заседава во Софија
-
Надзорен одбор повикува на донации за изградба на џамија во Ѓорче Петров, Општината негира (видео)



