| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски со сопругата на концертот на „Љубојна“ (ФОТО)

k5

Премиерот Никола Груевски беше дел од публиката на концертот на македонскиот етно-состав „Љубојна“, кој вечерва се одржува во спортската сала „Борис Трајковски“.

k4

Премиерот беше во друштво на сопругата Боркица, со која уживаа во музиката на македонските виртуози.

k2

Концертите што последните неколку години во Скопје успешно ги свири групата, станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на „Љубојна“.

LJubojno koncert 2015 (4) (Large)

Вечерва, на сцената со нив настапуваат и Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет и Џамбо Агушев на труба.

LJubojno koncert 2015 (3) (Large)  LJubojno koncert 2015 (5) (Large) LJubojno koncert 2015 (1) (Large)

Фото: Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top