| четврток, 6 декември 2018 |

Николовски од СДСМ вчера се скара, а денеска ги извиси земјоделците, кои измрзнати го чекаа да се појави

zemjodelci zamenik sdsm

Измрзнати на студеното време, земјоделците повеќе од три часа го чекаа младиот заменик-министер за земјоделство од СДСМ, Љупчо Николовски, кој ги извиси и не дојде на претходно закажаната средба пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Неготино.

Тие со смрзнати дланки негодуваа за игнорантскиот и нечовечки однос на зaмeник-министерoт, кој, очигледно, одбира да се фотографира со партиски членови, место со вистински земјоделци. Претходно најави, а заедно со земјоделците и медиумите го чекаа Николовски, кој воопшто не се појави, со што уште еднаш се докажа арогантниот и нечовечки однос на СДСМ кон земјоделците.

Неготинските земјоделци сакаа да го прашаат Николовски зошто СДСМ го сопирабуџетот, а со тоа ја загрозува исплатата на субвенциите, кои им се важни.

-Остро реaгираме како земјоделци, тие го блокираат буџетот, тоа е срамота, тие немаат образ, не ги сакаат земјоделците.

Непознавањето на проблематиката и игнорантскиот однос остро го осудија самите земјоделци.

-Бевме известени како земјоделци дека ќе дојде заменик-министерот за земјоделство и сакавме да дознаеме за некои работи што се случуваат во земјоделството, но за жал тој не дојде, од кој причини не знаеме, дали се исплаши, не знаеме. Чекаме веше цел час, него го нема.

Вчера Николовски од СДСМ се скара со земјоделците во Велес, кои ги искара зошто гласале за актуелната власт и немале потреба да го прашуваат зошто СДСМ го блокира буџетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top