Истражувањата покажуваат дека самозадоволувањето го подобрува расположението, ви овозможува да траете подолго во кревет, па дури и го намалува ризикот од рак на простата.
Сепак, ниту еден од овие наводи ќе помогне да се спасите од срам или непријатна ситуација кога вашиот партнер ве затекне во оваа незгодна ситуација.
Што да правите? Ова се некои од најдобрите начини за малку да го олабавите напнатиот момент на таа неподнослива тишина која како да трае бескрајно.
„МИ БЕШЕ ДОСАДНО, ПА САКАВ МАЛКУ ДА СЕ ЗАБАВУВАМ“
Оваа фраза звучи малку банално. – Меѓутоа вашата партнерка најверојатно ќе преврти со очите и ќе се насмее, а тоа ќе ја неутрализира незгодната ситуција, кажува сексологот Ејми Левин.
„НЕ САКАВ ДА БИДАМ ОДБИЕН ЗА СЕКС, ПА ГИ ПРЕЗЕМАВ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ“
Ова е совршен изговор затоа што често доаѓа до несогласувања во либидото, а двојките немаа секогаш храброст да разговараат за своите сексуални проблеми. Меѓутоа ако ве фати како си играте со својот другар, ова е супер изговор кој ќе ве извлече од ситуацијата.
„МОРАВ БРЗО ДА СЕ ОСЛОБОДАМ ОД СТРЕСОТ“
Овој изговор функционира само поради науката. Самозадоволувањето ослободува неурохемикалии како што се допамин и окситоцин кој ја зголемува вашата енергија.
„ГО САКАМ СЕКСОТ СО ТЕБЕ, НО ПОНЕКОГАШ И ОВА Е ДОБРО“
Со тоа веднаш ќе ја нагласите желбата за интимност со неа и ќе и го тргнете сомнежот од глава дека таа не ве задоволува, па мора да се самозадоволувате. Таа ќе разбере дека во прашање е друг начин на сексуалност, а не дека е ова вид на секс подобар од тој со неа.
„ЗДРАВО! САКАШ ДА МИ СЕ ПРИДРУЖИШ?“
-На овој начин ќе и покажете дека се чувствувате самоуверено во тоа што го правите и сте охрабрени да се погрижите за своите желби и задоволство, додава Левин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Десет животни лекции кои родителите треба да ги научат своите деца до 10. година
-
Ако сакате вашето лице да сјае изутрина, следете ги овие совети!