Според пишувањата на странските медиуми, бракот на Кање Вест и на Ким Кардашијан веќе неколку месеци е во криза, а популарниот рапер, наводно, ја оставил ѕвездата на реалното шоу само четири дена по породувањето.
Како што пишува „УС магазин“, неколку дена по раѓањето на малиот Сент, Кање ги собрал своите работи и го напуштил семејниот дом. Ким, според зборовите на неименуван извор на редакцијата, се преселила кај мајка ѝ Крис.
Само неколку дена порано за „Е каналот“ пријателите на Ким и на Кање изјавиле дека нивниот брак е цврст и полн со љубов, како и дека раперот е одличен татко.
Сепак, како што пишуваат некои таблоиди, ова било само фарса за јавноста, но кога-тогаш за неа морало да се дознае. Бракот на Кање и на Ким веќе долго време е на разнишани нозе, така што ваквиот епилог е очекуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моменти за историја: Трамп и Ким пристигнаа во Сингапур (видео)
-
Дванаесет телохранители трчаа по лимузината на Ким (Видео)
-
Таа е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Животот на првата дама скриен од јавноста!
-
Минатиот месец стана мајка на ќерка на која ѝ даде необично име, а сега на сите им покажа како изгледа бебето