Во текот на претпладнето времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Според УХМР, во Скопје претпладне ќе имаме умерено до значително облачно време, од пладневните часови сончево со мала до умерена облачност. Дневната температурата ќе биде до 6 степени.
Денес поради северниот ветер со постуден воздух од север, дневните температури ќе бидат пониски. Од ноќта кон сабота ќе настапи преодно наоблачување со услови за слаб дожд во северните делови од земјата. Од недела наутро повторно ќе има услови за утринска магла а ќе преовладува тивко и стабилно време. Дневните темпертури ќе бидат во постепен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.