| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сте суеверни?Верувања кои живеат и се пренесуваат

 su

Популарните суеверија или кај нас уште познати како „бабини деветини“ си постојат низ годините и се пренесуваат од колено на колено или едноставно ги прифаќате од пријателите кои ве окружуваат.

Постојат ли суеверија до кои се придржувате? Еве неколку најпопуларни

– Кога ќе помине црна мачка треба да почекаш да помине некој друг во спротивно ќе ти се случи несреќа.

– Не седнувај на ќош од маса -–нема да се ожениш/омажиш.

– Ако ти се истури сол, треба да фрлиш три пати по малку од секое рамо.

– Да не се јадат трошки – ќе те следи сиромаштија.

– Да не се даваат пари во недела навечер – цела недела ќе даваш.

– Скршено огледало – 7 години несреќа.

– Невеста ако носи бисери на свадба – солзи во бракот.

– Не греби тенџериња и чинии кога јадеш – ќе ти врне на свадба.

– Ако седиш на два стола кога јадеш – ќе имаш две жени/мажи т.е. два брака.

– Не се сечат нокти навечер – колку поголеми нокти сечеш, толку поголеми нервози ќе имаш.

– Не се тегни после јадење, јадењето му го предаваш на Ѓаволот.

– Не отварај чадор во затворена просторија – носи несреќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top