Популарните суеверија или кај нас уште познати како „бабини деветини“ си постојат низ годините и се пренесуваат од колено на колено или едноставно ги прифаќате од пријателите кои ве окружуваат.
Постојат ли суеверија до кои се придржувате? Еве неколку најпопуларни
– Кога ќе помине црна мачка треба да почекаш да помине некој друг во спротивно ќе ти се случи несреќа.
– Не седнувај на ќош од маса -–нема да се ожениш/омажиш.
– Ако ти се истури сол, треба да фрлиш три пати по малку од секое рамо.
– Да не се јадат трошки – ќе те следи сиромаштија.
– Да не се даваат пари во недела навечер – цела недела ќе даваш.
– Скршено огледало – 7 години несреќа.
– Невеста ако носи бисери на свадба – солзи во бракот.
– Не греби тенџериња и чинии кога јадеш – ќе ти врне на свадба.
– Ако седиш на два стола кога јадеш – ќе имаш две жени/мажи т.е. два брака.
– Не се сечат нокти навечер – колку поголеми нокти сечеш, толку поголеми нервози ќе имаш.
– Не се тегни после јадење, јадењето му го предаваш на Ѓаволот.
– Не отварај чадор во затворена просторија – носи несреќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.