| четврток, 6 декември 2018 |

Аризанов: Политиката на СДСМ кон нас е понижувачка

Поголема група земјоделци денеска пред Собранието го искажаа својот револт против политиките на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Тие побараа од него да си оди од лидерската позиција, бидејќи никогаш ништо не направил за нив

arizanov500-Лидерот на опозициската СДСМ кој секојдневно се „удира по градите“ дека направил многу за земјоделците, нека каже дали во неговиот мандат превземал нешто, или пак ги тепаше земјоделците во Куклиш, во Радовиш и на Плетвар, а сега се прави голем душегрижник за земјоделците- вели Љупчо Аризанов, претставник на земјоделците.

Тој во име на земјопделците рече дека политика на Црвенковски веќе е прочитана. Нема, како што рече, прост земјоделец за да се манипулира како во минатото, додавајќи дека земјоделството е изменето 100 отсто.

-Политиката која сега ја води СДСМ е неисправна, понижувачка и срамна посебно за земјоделците. Политиката која ја води Црвенковски нека ја отстапи на некој помлад човек, а тој нека си ја гледа пензијата која ја зима.

Тие бараат Црвенковски да не ја кочи државата, бидејќи тоа што го прави е на штета на самата држава. Велат, тој и штети на државата и за влез во ЕУ и НАТО.

-Ако некој му дал нешто на земјоделецот, тоа е сегашната Влада на чело со премиерот Никола Груевски. Субвенциите се воведени од нивна страна, а од година во година истите растат- додава Аризанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top