Цеца Ражнатовиќ во повеќе наврати има потенцирано сака да минува најмногу време во својот дом, а излегувањата баш и не и се омилена страна од животот. Се со цел семејната куќа да ја направи вистинска оаза на мирот каде ќе може максимално да ужива, пејачката ангажирала архитект кој и направил нацрти за измени во нејзината луксузна вила во која сега ќе има и спа центар.
-Пред да отпатува за Дубаи, Цеца имаше финален состанок со архитектот кој е задолжен за целокупниот изглед на спацентарот. Нејзе и се допаднаа нацртите кои тој ги направи, бидејќи секоја сауна има посебни вентилациски канали и удобни лежалки со масажери. Освен сауна, спацентарот ќе има мала солена соба, но и посебни лежалки со специјални масажери кои ги покриваат сите клучни точки на телото. Тие стигнуваат од Јапонија, а покрај нив има и најнов модел на кадички за масажа и опуштање на стапалата. Секое парче е специјално одбирано за да биде функционално и комфорно- изјавил извор близок на Цеца и додал дека се очекува спацентарот да биде готов до крајот на годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.