На познавачите на ликот и делото на Фјодор Михаиловиќ Достоевски познато им е дека тој бил страствен коцкар, за што сведочи и неговиот роман со исто име.
Еден дел од животот, Достоевски живеел и создавал во Германија, во градот Висбаден, а одењето во коцкарница бил негов секојдневен ритуал.
Кружела приказна дека таму Достоевски останал должен денешни 240.000 евра.
Се до 2013 година таму стоела табла:Во оваа коцкарница Ф.М. Достоевски, останал должен толку и толку…
Меѓутоа во казаиното се јавил сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ. Тој галантно го изрегулирал целиот долг, а својата постапка ја објаснил со следните зборови:„Достоевски никому ништо не е должен. Симнете ја таа срамна табла“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


