| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот за натписот во „Гардијан“: Вакви провокации имало и ќе има

Nikola-Gruevski-int105-3

-Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многуммина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, стои во писмената изјава на Груевски.

Имено, во статијата со наслов „Македонија отворена да го промени името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“, „Гардијан“ пишува „македонскиот премиер Никола Груевски вели дека е отворен за промена на името на неговата земја, со што ги подгреа надежите за крај на еден од нејнеобичните дипломатски спорови во светот“.

Сепак, во изјавата пренесена од македонскиот премиер, никаде не се вели тоа, односно Груевски изјавува дека Македонија е подготвена да разговара за да се најде некакво решение, за кое потоа ќе бидат прашани граѓаните, дали е тоа правилно или не.

gardijan-imeto

– Подготвени сме да разговараме, да започнеме дијалог со нив, и да најдеме некакво решение. Сакаме колку што е можно побрзо да започнеме дијалог со Грција за изнаоѓање решение, и доколку најдеме решение потоа сакаме да им се обратиме на граѓаните и да организираме референдум. Преку разговор мораме да најдеме некакво решение, и потоа да ги прашаме граѓаните: дали е ова правилно или не е? – вели Груевски во изјавата пренесена од „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top