| четврток, 6 декември 2018 |

Жестоки борби на филипинската армија со екстремисти

­ Филипинската армија денеска соопшти дека биле обновени жестоките борби на нејзините припадници со муслиманските екстремисти од групата Абу Сајаф на југот на Филипините.

Philippine and US troops  during  war exercise

 

Престрелките започнале минатиот викенд, кога припадници на филипинската армија поддржани од одред американски маринци, се обиделе да го заземат логорот на Абу Сајаф во кој, се претпоставува, се затворени десетина странски државјани и филипински бизнисмени за кои групата бара откуп.

За време на борбите во текот на викендот биле убиени 15 екстремисти и тројца припадници на филипинската армија, а биле ранети уште 13 војници. Милитантните екстремисти го бранат своето упориште со тешко вооружување и со голем број снајперисти, што го отежнува напредувањето на војниците.

Абу Сајаф, кој се претставува како крило на Ал Каеда во југоисточна Азија, годинава најави дека ќе основа „калифати“ во граничната територија меѓу Филипините и Малезија и дека ќе финансира прогласување „калифат“ и во Индонезија.

Властите во овие држави тврдат дека Абу Сајаф е само добро организирана криминална група, која обезбедува финансиски средства од киднапирање на странци и богати локални бизнисмени, но Филипините и САД сепка групата ја прогласија за терористичка организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top