Никола Маџиров е избран за лауреат од областа на книжевноста на градот Париз и Францускиот институт во Париз за 2016 година, и во периодот од јануари до почетокот на април следната година ќе престојува како автор-гостин во центарот за уметници „Реколет”. Жирито составено од експерти секоја година селектира четири до пет современи писатели и годинава освен Маџиров, селектирани се и прозаисти и поети од САД, Ирска, Белорусија… Меѓу авторите-гости на градот Париз бил и венцоносецот на Струшките вечери на поезијата, Томаж Шаламун. Поезијата на Маџиров е објавена во неколку француски списанија за литература. Тој минатата година во Франција ја доби меѓународната награда „Левир Литерер”, а „Европската асоцијација на книжевници“ со седиште во Париз, го избра за член на европското книжевно жири за 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.