Европската унија подготовува нов закон со кој во цела Европа би се забранило користење на социјалните мрежи од страна на лица помлади од 16 години.
Во предлог законот се предвидува минималната возрасна граница за користење на социјалните мрежи, како „Фејсбук“, „Снепчет“ и „Инстаграм“, но и на електронска пошта да се зголеми од досегашните 13 на 16 години, пишува „Хафингтон пост“.
Ако предлогот биде усвоен, илјадници европски тинејџери за секое пристапување до социјалните мрежи, симнување апликации, па дури и користење на одделни веб-пребарувачи, ќе треба да добијат дозвола од своите родители.
Ваквиот закон би можел да предизвика многу главоболки и за надлежните во „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, „Снепчет“ и „Гугл“, затоа што голем број од нивните корисниците се токму младите, кои само што навлегле во тинејџерските години.
– Подигнување на минималната возраст за користење на социјалните мрежи само ќе ги наведи младите да лажат за нивната возраст. Децата постари од 13 години веќе се навикнати да се служат со интернет на одреден начин, а поради ваквата ненадејна промена на правилата само ќе почнат да лажат, наместо да ги прашаат родителите за дозвола, предупредуваат противниците на законот.
Реакциите на младите на социјалните мрежи, очекувано, се уште полоши.
– Ова се еден куп глупости: Тоа нема да ги заштити тинејџерите, туку ќе ги замолчи, не е во ред, се само некои од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фејсбук уште во 2014 година знаел за руското мешање на интернет
-
Премиера на филмот „Ема“ на 3 ноември: Прв македонски филм снимен од тинејџери за тинејџери
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Хакери го нападнаа „Фејсбук“