Околу 26 милиони евра потрошиле македонските граѓани во 2013 година за наркотици, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика за македонскиот бруто домашен производ по трошочниот метод.
Ова е за 0,5 отсто од вкупните трошоци за финалната потрошувачка на домаќинствата според класификаците за индивидуалната потрошувачка по намена.
Во споредба со претходните две години овие трошоци пораснале за 0,2 отсто.
За книги, весници и магазини во 2013 година домаќинствата потрошиле 706 милиони денари или околу 11,4 милиони евра, што е само 0,2 отсто од структурата на финалната потрошувачка на домаќинствата според класификацијата на индивидуалната потрошувачка по намена.
Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата претставуваат набавка или стекнување на стоки и на услуги од страна на домаќинството за задоволување на потребите на членовите на тоа домаќинство.
Финалната потрошувачка на домаќинствата е пресметана за резидентните домаќинства и претставува финална потрошувачка на домаќинствата според националниот концепт, прилагодена кон директните набавки на резидентните домаќинства во странство и директните набавки на нерезидентните домаќинства на домашниот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија