Исламска држава бара области со нафтени наоѓалишта во Либија и во други земји, кои би можела да ги преземе, изјави висок американски претставник, јави БТА.
ИД веќе контролира 80 проценти од нафтените наоѓалишта во Сирија.
Американскиот претставник во Вашингтон истакна дека САД внимателно следат кој ги контролира нафтените наоѓалишта во светот, нафтоводите, патиштата по се кои се транспортира нафтата и останатата инфрастуктура во регионите, кои се сметаат дека можат да бидат цел на напад.
– Тие области се во Либија и на Синајскиот Полуостров, рече американскиот претставник.
Според американските проценки ИД од месечната продажба на нафта заработува 40 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.