| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Сакаме што побрзо да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ

davutoglu

Целта на Турција е да отвори што повеќе поглавја во преговорите за членство во ЕУ и сака тој процес да заврши што побрзо, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Турција направи исчекор во долгогодишните преговори за членство во ЕУ откако во понеделникот во Брисел беше отворено поглавјето 17 за економската и монетарната политика.

Одлуката следува две недели откако унијата понуди три милијарди евра помош за бегалците во Турција, ублажување на визниот режим и забрзување на преговорите за членство, ако Турција се заложи за сопирање на мигрантите кои доаѓаат во Европа.

– Отворањето на поглавјето 17 е дел од повторното оживување на пристапниот процес за Турција, како што е договорено на самитот ЕУ-Турција во ноември, изјави министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн.
Турција до сега има отворено 15 од вкупно 35 поглавја. Пристапните преговори ги почна пред 10 години а напредокот е отежнат поради противењето на поедини членки пред се Германија која бара за Турција „привилегирано партнерство“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top