Леонардо ди Каприо (44) е познат по својот богат друштвен живот, кој повеќе или помалку се состои од журки на кои се забавува со армија манекенки. Лео на журката што ја организирал во 2012 година во Сиднеј го повикал и Џонах Хил (31), со кого глумеше во “Волкот од Вол Стрит”. Актерот бил шокиран што во еден момент манекенките почнале да се слекуваат пред него, а Ди Каприо само седел и си пушел цигара. На друга журка, пак, му пришла една од поранешните девојки, Арета Вилсон, и го полила со пијалак, а со скршеното шише го расекла по образот. Актерот завршил со 14 конци, а девојката во затвор на две години.
Пред Лео заводник број еден дефинитивно беше Џек Николсон (78). За неговите лудории се пишуваа и мемоари, а неговата вила во 70-те ја нарекувале “најдивата куќа во Холивуд”.
Тој ги правеше журките кои траеја по неколку дена. Секогаш имаше многу дрога. Имаше дрога и за приземјето и за горниот кат. Горе имаше дрога за него и за убавите жени, а долу имаше од онаа со малку полош квалитет и таа беше за останатите гости”, напишал Марк Елиот во мемоарите “Николсон”.
Елтон Џон (68) во седумдесеттите, исто така, бил невиден журкаџија. Освен што приредувал големи забави, не се ни ограничувал во забавувањето. Така, еднаш издрогиран скокнал во базен, викајќи: Ќе умрам! Еднаш, како што раскажал, со пријателот Фреди Меркјури со денови се забавувале и биле издрогирани и наутро.
Ози Озборн (66) никогаш не се интересирал за “обичните” забави, па секогаш барал начин како се да зачини. На една од неговите луди забави за време на турнејата во 1984 година, тој и Ники Сикс од Мотли Кру останале без кокаин. Налутениот Ози забележал колона мравки и ги исшмркал.
Во лудите 70-те и Дејвид Боуви (68) бил еден од домаќините на најлудите забави, дотолку што наводно во својот лондонски стан имал “јама” широка четири метри која била наменета за оргии. Оргиите во јамата ги посетувал и Мик Џегер (72) и Сузан Сарандон (69), тврди авторката на бографијата на Боуви, Венди Леиг. Масичките во дневната соба секогаш биле полни со кокаин, а гостите низ станот шетале голи.
Тара Реид (37) никогаш не морала да каже дека сака да се журка, затоа што доволно е нејзиното име да се “изгугла” и се е јасно. Често и организирала журки, така за време на една толку се напила што паднала и на крајот останала без заб. Не сакала да престане да се забавува, па со лепак сама си го залепила забот.
Бил Муреј (65) за разлика од сите наведени сака да се журка, ама не да прави глупости. Тој на подрачјата каде што снима влетува на туѓи журки, пие по некоја пијачка, муабети и си оди. Пред да замине на домаќините им вели: “Никој нема да ти верува дека ова се случило”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.