Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево почна средбата на лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на која ќе се разговара за исполнување на договорот од Пржино од 2 јуни/15 јули.
Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, според партиски најави, ќе разговараат за прашањата кои се закочени, а кои произлегуваат од договорот од Пржино како изборот на тројца експерти во Државната изборна комисија и медиумските реформи, но и за други прашања исто така поврзани со исполнување на овој договор.
На средбата присуствуваат и олеснувачот во меѓупартиските разговори, белгискиот експерт Питер Ванхауте, како и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.
Премиерот Груевски е придружуван од министерот за здравство Никола Тодоров и заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошкоски, Заев од Шекеринска, Ахмети од Муса Џафери и Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу.
Последната средба на партиските лидери се одржа на 5 ноември, исто така, во Клубот на пратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.