| четврток, 6 декември 2018 |

Посебни привилегии од Јанева за Верушевски?

janeva sverus

Со писмо испратено на 9 декември специјалната обвинителка Катица Јанева ги известила обвинетите во аферата „Пуч“, Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, дека го презема предметот од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Документите што ги објави „Пресс 24“ откриваат дека специјалното обвинителство на обвинетите ова известување им го испратила директно во скопскиот затвор каде што се наоѓаат по изречената мерка притвор.

janeva
jneva gДека ја презема надлежноста врз предметот Пуч, Јанева ја извести јавноста вчера, повеќе од една недела подоцна. Нејасно е зошто Јанева цели шест дена криеше од јавноста дека ја преземала надлежноста врз предметот „Пуч“ во кој четвртиот осомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Фокус“ пишува дека главна цел на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде предизборно да се намали кредибилитетот на власта како непобедлива, односно да се направат обиди да се покаже дека изборните победи во изминатите години не биле регуларни, пренесе „Курир“.

„Обвинителите ќе настојуваат да падне митот за власта, која е непобедлива во неколку изборни циклуси односно да се докаже дека изборните победи не се заслужени или пострашно, дека биле наместени“, пишува „Фокус“

Неделникот, повикувајќи се на свои извори, објавува кои предмети ќе бидат отворени, иако обвинителството јавно објави за тоа одлука ќе донеле откако ќе ги анализираат сите предмети. Според текстот, врвот на агендата на Јанева би било евентуално притворање на Груевски и на неговите најблиски соработници по отворање на истрага на обвинителството со што ќе се намали „кредибилитетот и ќе се покаже нивното вистинско лице“.

„Евентуално притворање на Никола Груевски и свитата, по отворањето истрага во специјалното обвинителство од една страна ќе го намали нивниот кредибилитет и ќе го покаже нивното вистинско лице“ пишува „Фокус“.

fokus-janeva-640x454 (1)

Универзитетскиот професор Александар Даштевски ова го толкува како обид  во пресрет на изборите закажани за април да се изврши притисок врз специјалното обвинителство за да започнат обвиненија и да побара притвор против високи функционери на власта . Истовремено, неделникот го открива единствениот начин како опозицијата да го подобри својот рејтинг и да извлече подобри резултати на избори во недостиг на добро подготвена кампања и висока доверба од граѓаните.

– Тоа што се сугерира е обид да се направи притисок врз специјалната јавна обвинителка од страна на весникот, но и од страна на опозицијата, бидејќи е јасно дека го контролира весникот… Тоа е смислена пропаганда од опозицијата каде што повторно одат со негативна кампања, не ги слушаат советите на целокупната јавност во Македонија, па дури и на дел од своите експерти дека треба да водат позитивна кампања ако сакаат да добијат позитивни резултати и повторно се случува истото – нивната програма сѐ уште не е дооформена и сметам дека немаат програма затоа што видовме дека нивната програма е препишана од скандинавските земји, а сѐ што е препишано не може да се спроведе на дело – вели  Александар Даштевски за „Курир“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top