Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, денеска изјави дека пограничната агенција на ЕУ, „Фронтекс“ може да биде распоредена дури и во држави што не се членки на Унијата, како Србија и Македонија.
Покрај тоа, Аселборн во изјава за германското радио „Дојчландфунк“ вели дека и членките на Унијата што не се на надворешните граници треба да дадат поголема помош на пограничните држави.
– Имаме големи проблеми во Србија и во Македонија, на пример, а сега не е можно „Фронтекс“ да им помогне на тие држави. Сепак, тоа ќе се промени – истакна шефот на дипломатијата на Луксембург, држава која сега претседава со Унијата.
ЕК денеска ќе предложи бројот наприпадниците на „Фронтекс“ да се зголеми за шестпати во однос на сегашниот број.
Аселборн додаде дека „Фронтекс“ ќе има задача и да оствари многу поефикасни депортации отколку досега. Според него, шенгенската зона ќе опстане ако бидат заштитени надворешните граници на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.