Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, синоќа изјави дека Татковинската коалиција, која ја предводи неговата партија, позитивно одговорила на барањата на Мост и дека ѝ предложила заедничко формирање коалициска влада.
– Позитивно одговоривме на барањата на Мост. Што се однесува до трипартитната влада, таа според одлуката на Социјалдемократската партија и нивните коалициски партнерие нереална, а ние предлагаме да одиме со коалициска влада со Мост, изјави Карамарко по седницата на Претседателството на ХДЗ и на лидерите на партиите од Татковинската коалиција.
Со оглед на сите реформи што ја чекаат Хрватска, Карамарко повика на консензус и на соработка со сите леви опции во политичкиот спектар, па и со СДП.
– Што е можно поскоро треба да се формира парламентарно мнозинство и влада која ќе почне да се соочува со проблемите кои се големи и кои во голема мера ги оптоваруваат граѓаните – рече Карамарко.
Тој меѓутоа не прецизираше дали е подготвен да се откаже од премиерската функција, нагласувајќи само дека ХДЗ е подготвена да разговара и за таа опција.
Истовремено, претседателот на СДП и актуелен премиер ,Зоран Милановиќ, изјави дека формирањето на широк трипартиски сојуз во овој момент е неодржлива опција, но дека го поддржува продолжувањето на билатералните разговори меѓу коалцијата „Хрватска расте“, која ја предводат социјалдеморкатите и Мост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.