| четврток, 6 декември 2018 |

ХДЗ се согласи со Мост, предлага формирање влада

карамаркоПретседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, синоќа изјави дека Татковинската коалиција, која ја предводи неговата партија, позитивно одговорила на барањата на Мост и дека ѝ предложила заедничко формирање коалициска влада.

– Позитивно одговоривме на барањата на Мост. Што се однесува до трипартитната влада, таа според одлуката на Социјалдемократската партија и нивните коалициски партнерие нереална, а ние предлагаме да одиме со коалициска влада со Мост, изјави Карамарко по седницата на Претседателството на ХДЗ и на лидерите на партиите од Татковинската коалиција.

Со оглед на сите реформи што ја чекаат Хрватска, Карамарко повика на консензус и на соработка со сите леви опции во политичкиот спектар, па и со СДП.

– Што е можно поскоро треба да се формира парламентарно мнозинство и влада која ќе почне да се соочува со проблемите кои се големи и кои во голема мера ги оптоваруваат граѓаните – рече Карамарко.

Тој меѓутоа не прецизираше дали е подготвен да се откаже од премиерската функција, нагласувајќи само дека ХДЗ е подготвена да разговара и за таа опција.

Истовремено, претседателот на СДП и актуелен премиер ,Зоран Милановиќ, изјави дека формирањето на широк трипартиски сојуз во овој момент е неодржлива опција, но дека го поддржува продолжувањето на билатералните разговори меѓу коалцијата „Хрватска расте“, која ја предводат социјалдеморкатите и Мост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top