Исламската држава издала верски декрет – „фетва“, со која ги овластува своите членови да ги убиваат децата родени со Даунов синдром и со други видови нарушувања и деформитети, пренесуваат странските медиуми.
Таков нехуман и ѕверски однос кон болните го користеле нацистите за време на нивното владеење во Германија кога убивале физички и психички болни луѓе, бидејќи се коселе со нацистичката идеја за супериорна раса.
Ирачката активистичка група „Мосул ај“ (Mosul Eye) тврди дека повеќето деца родени со Даунов синдром се деца на странски борци кои се ожениле со жени од Ирак, Сирија и Азија.
Според информациите на ирачките активисти, повеќе од 38 деца стари меѓу една недела и три месеци веќе се убиени со смртоносна инјекција.
Дел од овие егзекуции се случиле во Сирија и во Мосул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Денешните генерации се 15 години „постари“ од родителите на иста возраст
-
Ида Мантон, мајка на дете со Даунов синдром: Луциа не е тажна приказна, таа е мојата светлина!