| четврток, 6 декември 2018 |

Европска стража ќе ги чува границите на ЕУ

migranti grcija

Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ денес треба да донесат одлука за заштита на надворешните граници, како и за дел од шенгенските граници на ЕУ со поставување на неколку илјади припадници на „европската гранична стража“ која би можела да дејствува независно од властите на државите членки.

Таков предлог до министрите поднесе европскиот комесар за миграции, Димитрис Аврамопулос, кој рекол дека таквата „револуција на границите на ЕУ“ има за цел да ја заштити Европа и осетно да го намали приливот на бегалци со што ќе се стави рампа за илегалната имиграција.

Од Европската комисија ги информирале новинарите дека целта е да се спаси шенгенскиот договор и просторот за слободна трговија во Унијата, кој бил загрозен поради слабото бранење на надворешните граници на ЕУ, имајќи на ум дека преку незаштитените граници успеале да се инфилтрирарат и некои терористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top