Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ денес треба да донесат одлука за заштита на надворешните граници, како и за дел од шенгенските граници на ЕУ со поставување на неколку илјади припадници на „европската гранична стража“ која би можела да дејствува независно од властите на државите членки.
Таков предлог до министрите поднесе европскиот комесар за миграции, Димитрис Аврамопулос, кој рекол дека таквата „револуција на границите на ЕУ“ има за цел да ја заштити Европа и осетно да го намали приливот на бегалци со што ќе се стави рампа за илегалната имиграција.
Од Европската комисија ги информирале новинарите дека целта е да се спаси шенгенскиот договор и просторот за слободна трговија во Унијата, кој бил загрозен поради слабото бранење на надворешните граници на ЕУ, имајќи на ум дека преку незаштитените граници успеале да се инфилтрирарат и некои терористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст