Американските научници докажаа дека еден портокал е многу повеќе корисен од една витаминска таблета.
Уникатната комбинација на антиоксиданси во плодот на портокалот дејствуваат многу поефикасно заедно отколку поединечно, објави списанието „Дејли телеграф“.
Портокалите содржат фенолни соединенија – биохемикалии со антиоксидантни и со антимикробни својства. Тие ги штитат растенијата од гниење и од биолошки напади.
За десерт треба да се јаде овошје. Немојте да заборавите дека пред да се појават бисквитите, бонбоните, колачите и тортите кои станаа толку распространети, единствено плодовите биле слатки, потсетуваат научниците.
Антиоксидантите го забавуваат стареењето на клетките, штитат од рак и помагаат против кардиоваскуларни заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст