| четврток, 6 декември 2018 |

Еден портокал вреди повеќе од една мултивитаминска таблета

Американските научници докажаа дека еден портокал е многу повеќе корисен од една витаминска таблета.

portokal

Уникатната комбинација на антиоксиданси во плодот на портокалот дејствуваат многу поефикасно заедно отколку поединечно, објави списанието „Дејли телеграф“.

Портокалите содржат фенолни соединенија биохемикалии со антиоксидантни и со антимикробни својства. Тие ги штитат растенијата од гниење и од биолошки напади.

За десерт треба да се јаде овошје. Немојте да заборавите дека пред да се појават бисквитите, бонбоните, колачите и тортите кои станаа толку распространети, единствено плодовите биле слатки, потсетуваат научниците.
Антиоксидантите го забавуваат стареењето на клетките, штитат од рак и помагаат против кардиоваскуларни заболувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top