Градскиот дувачки оркестар, утре /15 декември (вторник)/ во 20 часот, во салата „25 Мај” во Младинскиот културен центар, ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот ќе трае околу еден час, a влезот за сите љубители на музиката ќе биде слободен.
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.