| четврток, 6 декември 2018 |

Температурен шок во Њујорк, никогаш толку степени во декември

Њујорк е познат по своите ладни зими, често проследени со големи снежни невремиња, но овој декември ќе се запамети по сосема спротивни временски услови. Во неделата измерени се рекордно високи 19 Целзиусови степени, кои никогаш не се измерени во историјата на овој датум, 13 декември, велат од метеоролошка служба.

Просечната температура во Њујорк за 13 декември е 3 степени во текот на денот.

Претходниот рекорд од кога се бележи температурата е од 1923 година, кога на 13 декември биле евидентирани 17,7  Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top