Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите што учествуваа во протестот против безбедносните мерки, воведени во југоисточниот округ Дијарбекир.
Изминатите месеци се зголемија судирите меѓу полицијата и курдските бунтовници во југоисточна Турција, поради што властите воведоа полициски час во многу области. Денешните судири се разгореа, откако стотици граѓани се собраа за да учествуваат во демонстрациите, организирани од прокурдската Демократска партија на народите против двомесечниот полициски час во градот Сур, во округот Дијарбекир. Демонстрантите фрлаа со камења кон полицајците. Сопствениците на продавниците ги затворија објектите пред протестот, за кој не беше издадена дозвола од властите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.