| четврток, 6 декември 2018 |

„Њујорк пост“: Требаше да ја послушаме баба Ванѓа за ИД

Речиси две децении по смртта на Баба Ванѓа, светските медиуми ги објавуваат нејзините пророштва, кои се застрашувачки. Имено, Баба Ванѓа предвидела дека во 2016 година ќе се случи инвазија на Европа од муслиманите, се ќе почне во 2010 година со „Арапската пролет“ во Сирија, а кулминација на се ќе се случи со воспоставување на „Калифат“ во 2043 година, со седиште во Рим, пишува „Њујорк пост“.

Баба Ванѓа уште предвидела дека Европа каква што ќе биде до тогаш, „ќе престане да постои по систематската елиминација на цели нации‟, што континентот ќе го остави „речиси празен‟, „без никаков облик на живот‟.

За потсетување се тврди дека Баба Ванѓа наводно ги предвидела нападите на њујоршките кули близначки на 9 септември 2011 година, потоа цунамито во 2004 година, катастрофата во Фукушима и осдавањето на ИД.

Баба Ванѓа имала успешна „кариера‟ долга половина век, а кон средината на минатиот век предупредила и на глобалното затоплување и природни катастрофи.

Но, токму пророштвото на Ванѓа за „големата муслиманска војна‟ во последните месеци ги поттикна теоретичарите на заговори и исламофобите, посебно да се загрижат.

Целото пророштво звучи многу убедливо имајќи предвид дека ИД го зазема либискиот Сирт, родниот град на Гадафи, каде денес владее шеријатскиот закон, а новиот режим спроведе и многу јавни егзекуции.

На тие кои веруваат во Баба Ванѓа им се чини дека нејзините смртоносни пророштва им се случуваат токму пред нивниот нос.

Слепата пророчница предвидела дека во 2023 година „ќе се промени Земјината орбита‟, во 2025 година „популацијата на Европа ќе биде сведена речиси на нула‟, во 2028 година „човекот ќе слета на Венера во потрага за нови извори на енергија‟, во 2066 година Американците „ќе употребат ново оружје за климатски промени во обид да го преземат Рим и да го вратат на христијанството‟, а во 2076 година „комунизмот ќе се врати во Европа и остатокот од светот‟.

Меѓу пророштвата на Баба Ванѓа се наведуват и „вештачко сонце‟ кое ќе ја осветлува темната страна на планетата, „препород на природата‟ во 2084 година, враќање на вонземјаните и преселување на човештвото под вода, потоа глобални суши, вулкански ерупции, пад на температурата, судир на „вештачки сонца‟, промена на орбитата на планетите, војна на Марс и преселба на цивилизациите на други планети пред Земјата во целост да замре некаде околу 3797 година.

Баба Ванѓа починала во 85-та година од животот, а ретки се тие кои нејзините пророштва ги сфаќаат сериозно. Токму спротивно, најчесто се предмет на шега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top