| четврток, 6 декември 2018 |

ИД во Либија „јури“ кон нафтените полиња

Mideast Libya OilФранцускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан изјави денеска дека Исламска држава се шири од своето упориште на либискиот брег, во внатрешноста на државата со цел да ги освои тамошните наоѓалишта за нафта.

– Под нивна контрола е територија од 250 км. долж брегот, но почнуваат да продираат во внатрешноста поради тамошните наоѓалишта и резерви со нафта, изјави Ле Дријан за радио РТЛ.

Француски воени авиони минатата недела почнаа со извидувачки летови над Либија. Светските сили се во обиди да ги смират завојуваните страни во Либија да го остават оружјето и да состават влада на национално единство за да се избегне ИД и други терористички групи да го користат политичкиот хаос во државата за да заземат делови од територијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top