Во морето секојдневни огласи одвоивме неколку кои слободно може да го поднесат епитетот за најсмешни и најневообичаени:
*Пет студенти бараат соба под кирија во Скопје. Може и со цимери.
*Се барај програмер со компјутерски познавања.
*Снегулка со 90-60-90 бара Дедо Мраз со убави подароци.
*Правам масажа на простатата без помош на раце. Тел. XXXXXX
*Курс по германски со гестаповски методи.
*Менувам добреман (3 години, машки) за протеза за левата рака.
*Програмер сака да запознае девојка, може и кракувана верзија.
*Менувам 19 годишен 101 за девојка на иста возраст.
*Продавам фиќо малку чукнато од воз, ако не сте дома, ќе ви го пикнам под вратата.
*Ако сте жена на возраст од 25 до 35 години, витка, културна, со диплома од факултет и со иднина во политиката, можете да се сликате! Јас барам глупа 18-годишна девојка без никакви убедувања и со огромни гради!
*Менувам цимер кој ‘рчи, за цимерка која офка, стенка и воздивнува!
Се продава венчаница! Носена е само еднаш, по грешка.
*Млада, убава, со убаво тело, забавна, паметна, добра, ги сака децата, не пуши, не пие… Барај некој да и ги залепи плочките во бањата…
*Почитувани дами, ве молиме фаќајте љубовници од населбата, веќе нема каде да се паркира!
*Го барам прекрасниот млад дечко со сини очи, црна јакна и темни фармерки, кој страсно ме прегрна во 15-ка на ЈСП, за да не паднам. Врати ми го телефонот, идиоту!
*Продавам многу евтино рибарски комплет. Јавете се на тел. 02 XХХХ XХХ. Ако слушалката ја крене маж, ве молиме речете „Извинете! Грешка!“
*Загубена е мајката на мојата сопруга. Отиде во Тинекс по пиво и не се врати. Го молам чесниот наоѓач да го врати пивото.
*Загубена секретарка, русокоса со сини очи. Одговара на името Шуши. Ве молиме, кој ја најде, да ми ја врати бидејќи новата е уште позагубена.
*Курс за враќање на имиџот на деловна жена по забава организирана од фирмата!
*Помагам при слабеење. Ги редуцирам вашите закуски, ручеци, вечери. За дополнителни информации – Иван Петров, Студенстски дом Стив Наумов…
*Подарувам пудлица . Јавувајте се од 5 попладне до 10 навечер. Ако се јави женски глас спуштете ја слушалката.
*Потребен е видовит човек за одлично платена работа. Таа ќе знае каде и кога да јави.
*Поволно го продавам индексот на син ми, стар три години како нов е .
*Поволно насилнички влегувам во автобус во вторник и петок и фаќам место за вас.
*Изгубен е црн доберман, молам ако некој го види да бега.
*Стан од 130 квадрати на водно, викендичка во Маврово, Мерцедес СЛК. Ништо не продавам само се фалам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.