Ако вашите мајка или баба некогаш ве предупредиле дека не би требале со сок, алкохол или вода да го „залиете“ручекот, знајте дека биле сосема во право.
Иако е многу важно секојдневно да го хидрирате организмот и внесете минимум два литра течност ова не важи за пиење на вода за време на оброк.
Иако е течноста многу важна за нормално варење, доколку таа се внесува заедно со храната, може да го смени нивото на концентрација на киселината во желудникот, која на овој орган му е неопходна за правилно да ја свари храната.
Ова особено важи за ладна вода бидејќи таа може да го забави целиот процес на преработка на храната и поради тоа да имате дополнително чувство на тежина во стомакот. Ако сте жедни испијте вода или 15 минути пред оброк и обидете се да пиете вода барем половина час по јадењето.
Доколку оброк бил солен или сув и морате да земете течност, земете само неколку голтки вода загреана на собна температура во која можете да ставите малку лимон или јаболков оцет, бидејќи киселината е добра за варење, а на тој начин ќе го исперете и целиот вишок од храната кој се насобрал во устата.
Исто така наместо вода добро ќе ви дојде и некој билен чај, пример камилица, нане или мајчина душичка бидејќи тие го смируваат желудникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.