| четврток, 6 декември 2018 |

Тајната на атомската бомба на Тито: Драган Бјелогрлиќ открива детали за филмот кој ќе го крене Балканот на нозе

Режисерот и актерот Драган Бјелогрлиќ и сценаристот Вук Ршумовиќ работаат на филм со работен наслов „Чуварите на формулата“ за тајната која се крие цели 50 години.

тито

Овој филм ќе зборува за обидот на научниците кон крајот на педесеттите години  на минатиот век институтот во Винча да направат атомска бомба, а зад целата операција стои Јосип Броз Тито.

Заплетот во филмот кој е е инспириран од романот „Расцепи“ почнува кога тим на научници ќе се озрачат за време на експеримент на 15 октомври 1958 година по што биле префрлени во Париз каде единствената можност да преживеат е да им пресадат коскена срж.

Овој проект го воделе луѓе кои биле многу блиски со Тито , Јово Капичиќ и Лека Ранковиќ.

-Сакам да направам филм кој ќе биде комбинација на фиктивна и вистинска приказна во потрага на вистинска човечка драма. Елементи на фикција и трилерски заплет служат да ја заострат драмата во која луѓето, работејќи на новото оружје за масовно уништување, се соочиле со возвишениот чина на хуманост и алтруизам кој на крајот ќе им ги спаси животите. Таа „блиска средба“ со човечката добрина во целост ќе им ги смени животите – вели Драган Бјелогрлиќ.

драган

Овој филм би требало да се снима во Белград и Париз идната есен. Вук Ршумовиќ инспирацијата да го напише сценариото јанашол во романто „Рацепи“ чиј автор е кардиологот и професорот Горан Милашиновиќ.

-Мојата книга настана врз основа на вистински настан и нуклеарниот инцидент во институтот „Борис Кидрич“ во Винча. Во таа прилика шест  наши атомисти беа изложени на недозволена радијација од експерименталниот научен реактор и забелеле од тежок облик на радијациска болест во тоа време неизлечива. Лекувани се болницата „Фондација Кири“ во Париз. Петмина преживеале благодарение на трансплантација на коскената срж, а еден за жал починал. Станува збор за првата трансплантација на некој орган во светот  – изјавил Вук.

Освен српски актери  во филмот ќе глумат и Французи кои ќе ги толкуваат ликовите на докторот Анри Жамео и професорот Жорж Матео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top