Македонската олимпијка Оливера Наковска-Бикова на гран-прито „Трофеј на Белград“ собори државен рекорд со воздушен пиштол од 10 метри. Таа се натпреварува и во апсолутна категорија и со тоа ги обедини рекордите и за лица со хендикеп.
Наковска-Бикова во квалификациите погоди 384 круга (по серии 95, 97, 97, 95) и се пласира во финалето на Гран-прито што се одржува во главниот град на Србија.
Овој рекорд важи и во конкуренција за МССФ (Меѓународна федерација во спортско стрелаштво) и НФСРИМ-МПК (Национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет), односно и за здрави и за стрелци-инвалиди.
Наковска-Бикова во финалето влегува како четвртопласирана, иако има само еден круг помалку од водечката во квалификациите, Моника Ботева од Бугарија. Натпреварувачките од второто до петтото место имаат по 384 круга. Финалето е денеска, во 16.30 часот.
Воедно, ова е највисок дострел на параолимписката победничка од Лондон 2012 во меѓународна конкуренција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



