| четврток, 6 декември 2018 |

Српската принцеза Индија Оксенберг го освојува Холивуд

indi
Името и го дала нејзината мајка Катарина Оксенберг (54) според земјата Индија, во која и се родила. Неколку пати била во Белград, и вели дека би сакала од Холивуд да се пресели во родната Србија.

Индија Оксенберг е ќерка на Катарина Оксенберг, најстарата внука на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ. Таа има 24  години и полека го пробива патот кон нејзината кариера во Холивуд.

Таа на деветгодишна возраст за првпат застанала пред камерите покрај својата мајка и очувот Каспер ван Дин во филмот „Vector File“, учествувала во семејното реално шоу „Се оженив со принцеза“, а имала уште неколку актерски ангажмани.

Сепак, за разлика од нејзината мајка, успешна актерка , сонот на Индија е да успее како филмски продуцент.

Помеѓу останатото, оваа 24-годишна русокоса убавица работела во продукцијата на филмот „November man“, кој во еден дел е сниман и во Белград, и како личен асистент на холивудскиот актер Пирс Броснан.

Во меѓувреме таа открила дека фотографите баш ја сакаат, а судејќи според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, Индија добро се снаоѓа пред фото-објективот. Во последно време се почесто може да се види нејзиното лице на насловните страници на светските магазини, а нејзиниот профил на Инстаграм е преполн со заводливи фотографии , направени  со вкус и со доза на елеганција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top