Индија Оксенберг е ќерка на Катарина Оксенберг, најстарата внука на српската принцеза Јелисавета Караѓорѓевиќ. Таа има 24 години и полека го пробива патот кон нејзината кариера во Холивуд.
Таа на деветгодишна возраст за првпат застанала пред камерите покрај својата мајка и очувот Каспер ван Дин во филмот „Vector File“, учествувала во семејното реално шоу „Се оженив со принцеза“, а имала уште неколку актерски ангажмани.
Сепак, за разлика од нејзината мајка, успешна актерка , сонот на Индија е да успее како филмски продуцент.
Помеѓу останатото, оваа 24-годишна русокоса убавица работела во продукцијата на филмот „November man“, кој во еден дел е сниман и во Белград, и како личен асистент на холивудскиот актер Пирс Броснан.
Во меѓувреме таа открила дека фотографите баш ја сакаат, а судејќи според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, Индија добро се снаоѓа пред фото-објективот. Во последно време се почесто може да се види нејзиното лице на насловните страници на светските магазини, а нејзиниот профил на Инстаграм е преполн со заводливи фотографии , направени со вкус и со доза на елеганција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Им одржа лекција на двојно помладите колешки: Сите гледаа во актерката
-
Сите ја колнат: Српската актерка која беше пронајдена мртва криела страшна тајна!
-
Траеше само две минути: Познатата актерка ја призна врската со малолетникот!
-
Славна убавица пронајдена мртва во својот стан: Камерите откриваат морничав детаљ!