Заради подобрување на безбедноста на припадничките на поубавиот пол во Каиро неодамна беше формиран сервисот „Пинк такси“, чии возила возат исклучиво жени.
Возилата на „Пинк Такси“ се опремени со камери и СОС тастери, што значи дека туристиките кои ќе одлучат да го посетат Каиро на располагање ќе имаат безбеден превоз.
Според наводите на ОН, 99 отсто од Египѓанките се изложени на сексуално вознемирување, а голем дел од вознемирувањата доаѓаат во јавниот превоз или во такси возилата.
Овој сервис засега предизвика само контроверзи, со оглед на тоа дека возењето е поскапо од вообичаеното, што значи дека услугите ќе можат да ги користат само привилегирани дами.
Многумина, исто така, сметаат дека „половата сегрегација“ ни на кој начин нема да придонесе за решавање на проблемот, односно да го запре непримереното однесување на мажите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.