Слаба магла / ниска облачност низ котлините се очекува наутро во недела. Сепак, претпадне се очекува разведрување, за остатокот од денот да помине во сончево време, прогнозира Метеопро.
Утрото ќе биде релативно студено, а минималната темепратра во нејголем дел од котлините ќе има вредност околу -3 целзиусови степени, а на повисоките места пак, околу -6 целзиусови степени.
Максималната температура ќе достигне вредности околу 11 целзиусови степени низ котлините и околу 13 целзиусови степени во југоисточниот крај.
Скопскиот регион наутро очекува слаба магла, а сончево во остатокот од денот. Температурниот од ќе започне од минимални -3 целзиусови степени, а ќе дојде до максимални 12 целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


