| четврток, 6 декември 2018 |

Протести против НАТО во Црна Гора

Montenegro NATOНеколку илјади граѓани вечерва протестираа против зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Протестот го организира опозицискиот Демократски фронт.

Опозицијата јасно упати порака до власта: можни се граѓански судири доколку одлуката за влез во НАТО не се донесе со гласање на референдум.

Демократската народна партија (ДНП) повика на протест во Подгорица против НАТО.Според нив членството во Алијансата би ги „продлабочило постоечките поделби во Црна Гора доколку таквата одлука биде донесена без општа согласност“.

Со протестот се бара одржување на референдум во однос на прашањето за членство во НАТО и воената неутралност на Црна Гора, која на втори Декември беше поканета да пристапи кон Северноатлантскиот сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top