| четврток, 6 декември 2018 |

Нова „Балканска рута“- Грција, Албанија, Црна Гора?

dogana-kakavijeНа граничниот премин Какавија, на албанско-грчката граница откриена е група од дванаесет мигранти, марокански државјани.

Според албанската полиција, тие во Албанија влегле илегално преку див премин, а биле откриени во близина на селото Врисера додека патувале со комби возило.

Во изјавите пред полицијата тие кажале дека нивна цел била преку Албанија да стигнат до Црна Гора а потоа патот требало да го продолжат за некоја западноевропска земја.

По проверката на нивните документи илегалците биле однесени во центарот Карач во Тирана.

Фатената група миграни од Мароко, албанските медиуми ја сметаат за најава дека мигрантите сега се пренасочуваат од Грција кон Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top