Сѐ посилни се шпекулациите дека девојка по име Кристина од соседното село била причината за крвавиот масакр во Велика Иванча.
Српските медиуми пренесуваат сведошва од соселаните, кои тврдат дека 60- годишниот монструм Љубиша Богдановиќ не можел да го убеди неговиот син Бранко да се жени, а згора на сѐ, се забавувал со „лесна девојка“ од соседното село, која често менувала партнери. Девојката дури доаѓала и во нивната куќа, и покрај тоа што Љубиша бил против нивната врска обвинувајќи ја дека е со син му поради пари.
– Се зборуваше дека Бранко трошел многу пари на неа. Ѝ купувал подароци… Поради тоа Љубиша и Бранко често се караа. Љубиша не ја сакаше таа девојка затоа што се зборуваше дека се среќава и со други мажи. Некои тврдеа дека е проститутка, а некои зборуваа дека ги запознале убиените Горан и Јована Деспотовиќ – вели сосед.
Иако дел од роднините на Кристина потврдуваат дека таа била во врска со Бранко, девојката и нејзиниот татко негираат такво нешто.
– Не е точно дека сум била во врска со Бранко, како што не е точна и приказната дека сум проститутка. Со Бранко се запознав на роденденот на Давид (убиеното бебе) и тоа е сѐ. Целата приказна е измислена – порачала девојката преку роднини.
Таа рекла дека денеска нема да се појави на погребот на Бранко, а нејзиниот татко рекол дека таа преживува вистинска траума поради приказната во врска со монструмот од Велика Иванча.
– Таа не била во врска со него. Па, тој е двојно постар од неа. Поради таа приказна, не смее ниту да излезе од дома – рекол нејзиниот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)