| четврток, 6 декември 2018 |

Се откриваат мотивите за масакрот во Велика Иванча: соседите го запознале Бранко со проститука

 Сѐ посилни се шпекулациите дека девојка по име Кристина од соседното село била причината за крвавиот масакр во Велика Иванча.

Српските медиуми пренесуваат сведошва од соселаните, кои тврдат дека 60- годишниот монструм Љубиша Богдановиќ не можел да го убеди неговиот син Бранко да се жени, а згора на сѐ, се забавувал со „лесна девојка“ од соседното село, која често менувала партнери. Девојката дури доаѓала и во нивната куќа, и покрај тоа што Љубиша бил против нивната врска обвинувајќи ја дека е со син му поради пари.

– Се зборуваше дека Бранко трошел многу пари на неа. Ѝ купувал подароци… Поради тоа Љубиша и Бранко често се караа. Љубиша не ја сакаше таа девојка затоа што се зборуваше дека се среќава и со други мажи. Некои тврдеа дека е проститутка, а некои зборуваа дека ги запознале убиените Горан и Јована Деспотовиќ – вели сосед.

Иако дел од роднините на Кристина потврдуваат дека таа била во врска со Бранко, девојката и нејзиниот татко негираат такво нешто.

– Не е точно дека сум била во врска со Бранко, како што не е точна и приказната дека сум проститутка. Со Бранко се запознав на роденденот на Давид (убиеното бебе) и тоа е сѐ. Целата приказна е измислена – порачала девојката преку роднини.

Таа рекла дека денеска нема да се појави на погребот на Бранко, а нејзиниот татко рекол дека таа преживува вистинска траума поради приказната во врска со монструмот од Велика Иванча.

– Таа не била во врска со него. Па, тој е двојно постар од неа. Поради таа приказна, не смее ниту да излезе од дома – рекол нејзиниот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top