Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини ќе биде суспендиран од фудбалот, објави портпаролот на на Етичкиот комитет на ФИФА, Андреас Бантел.
Платини и Сеп Блатер се суспендирани на 90 дена додека трае истрагата околу нелегалната исплата на средства од ФИФА за првиот човек на УЕФА.
– Платини сигурно ќе биде суспендиран на повеќе години – изјави Бантел за „Л’Екип“ само неколку часа откако Арбитражниот суд во спортот ја одби жалбата на Платини.
Блатер ќе ја напушти водечката функција на ФИФА по изборите закажани за 26. февруари.
– Што се однесува до Блатер, за него не постои разлика дали ќе добие повеќегодишна забрана за фудбал, или доживотна забрана – вели Бантел.
Веднаш по ова интервју на Бантел одговорија и адвокатите на Платини кои го обвинија Етичкиот комитет дека го прекршил правилото дека секој е невин додека не се докаже неговата вина. Но, Бантел во интевјуто потенцира дека постојат цврсти докази дека Платини и Блатер се виновни за корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.